Комичарот за прв пат проговори за шамарот на Оскарите: Го понижи Вил Смит во три реченици
Комичарот и актер Крис Рок за прв пат проговори за инцидентот што се случи на овогодинешното доделување на Оскарите. Имено, неговиот колега Вил Смит му удри шлаканица откако комичарот се пошегува на сметка на ќелавата глава на сопругата на Смит, Џејда Пинкет Смит.
„Секој што ќе каже дека зборовите болат повеќе од шамар, никогаш не бил удрен во лице. Да, болеше, жими мајка, но јас не сум жртва. Се ослободив од тоа срање и следниот ден отидов на работа. Не одам во болница поради хартија“, изјави Рок, пренесува магазинот „Пипл“.
Вил Смит го удрил комичарот со тупаница во главата и се вратил на своето место викајќи му на комичарот да не го споменува името на неговата сопруга.
„О, wow, Вил Смит само што ме претепа“, изјави Рок по инцидентот.
По скандалот на Оскарите, актерот самоиницијативно поднесе оставка од Академијата, која потоа му забрани да учествува на настанот во следните 10 години.
Фото насловна: Youtube - Guardian News