Компанија за вода и фирма за вакцини: Кој е најбогатиот Кинез?

Жонг Шаншан е сега најбогатиот Кинез во светот. Неговото богатство во четвртокот било проценето на 57,2 милијарди долари, а со таа вредност тој всушност ги надмина основачите на „Тенсент“ Пони Ма и на „Алибаба“ Џек Ма, чии средства, според Форбс вредат 56,3 милијарди и 50,4 милијарди долари.

Шаншан е основач на компанијата „Nongfu Spring“, а во неа поседува 84,4 проценти од капиталот. Тоа е компанија за шишиња за вода и пијалоци.

Најбогатиот Кинез сега е и 17-та најбогата личност во светот.

Покрај својот удел во брендот „Нонгфу спринг“, тој е и директор на фармацевтската компанија Wantai Biological која развива вакцини, меѓу кои и за Ковид-19.