Конечно: Научниците открија колку долго коронавирусот може да преживее во вода

Скоро и да нема некој на планетава да не го интересира ова. Посебно сега во лето кога сите сакаат да се капат во море, езеро, река, базен...

Речиси сите честички од коронавирусот (90 проценти) умираат во вода на собна температура во рок од 24 часа, додека 99,9 проценти умираат во рок од 72 часа, соопшти прес-службата на Федералната служба за фитосанитарна супервизија (Роспотребнадзор).

Истражувањето за можноста на коронавирусот да преживее во вода го спроведоа научници во центарот „Вектор“ на Роспотребнадзор. Откриле дека коронавирусот не се размножува во слатка и солена вода, но може да преживее во нив. Во исто време, времето на неговото деактивирање директно зависи од температурата на водата.

Роспотребнадзор прецизираше дека вирусот е нестабилен при промена на температурата и истакна дека вриењето веднаш го убива.

Во почетокот на март, Светската здравствена организација го прогласи избувнувањето на новиот коронавирус за пандемија. До денес, повеќе од 16,5 милиони луѓе се заразени ширум светот, а над 650.000 луѓе починале.

(Спутник)