Континуирана употреба на пробиотици за дигестивен баланс
Пробиотици претставуваат добри бактерии кој може да се најдат во некој вид на храна или да се земат како суплементи. Добрите бактерии често може да бидат уништени од разни фактори како што се: антибиотици, неправилна исхрана, алкохол, болест, инфекции итн.
Континуирана употреба на пробиотици се препорачува во повеќе ситуации. Доколку сме на антибиотска терапија задолжително е и земање на пробиотик кој би го одржувал балансот кој би бил нарушен од страна на антибиотикот. Најчест пример за ова е терапијата за Helicobacter pylori односно таканаречената тројна терапија која вклучува употреба на силни антибиотици кој поради должината на терапија имаат голема веројатно да предизвикаат дисбаланс на цревната флора што би довело до дијареа. Покрај употреба на најчесто употребуваните пробиотици односно Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus casei, Bifidobacterium lactis, Saccharomyces boulardi итн. се препорачува и употреба на специјален вид на пробиотик од сојот на Lactobacilus reuteri односно Pylopass кој специфично се врзува со Helicobacter pylori и помага за нејзино исфрлање од организмот.
Пробиотици се препорачуваат и при третман на иритабилен цревен синдром болест која се карактеризира со болки и нелагодност во стомакот, подуеност, запек или пролив, гасови итн. Повеќето видови на пробиотици имаат докажано дејство при третман на овие симптоми. Исто така пробиотиците имаат докажано дејство при третман на Кронова болест и улцерозен колитис. Се разбира не сите видови пробиотици се подеднакво успешни во третманот на овие болести, па така најчесто користени пробиотици се Sacharomyces buolardi, Lactobacilus lactis, Lactobacillus bulgaricus, Bifidobacterium infantis итн.
Пробиотиците може и да се користат како превентива, ако пациентот е изложен на неправилен начин на живот односно неправилна исхрана, честа конзумација на алкохол и лекови итн.
Како заклучок може да констатираме дека редовната примена на пробиотици може значително да го подобри животот на пациентот. Пробиотиците се генерално безбедни и имаат позитивно дејство врз гастроинтестиналниот тракт. Сепак при подолготрајна употреба секогаш треба да се консултирате со лекар, доколку пробиотикот кој го користите не ги дава посакуваните ефекти секогаш може да се обидете со друг вид на пробиотик кој би ви ги дал резултатите што ги очекувате.
М-р фарм. Соња Пецевска
фото: freepik.com
Пр објава