Контроверзно видео: Што правел Марадона само неколку дена пред смртта

Познатиот аргентински фудбалер Марадона почина на 25 ноември, а сега кружи видео за кое аргентинските медиуми тврдат дека е направено само неколку дена пред неговата смрт.

Може да се види како Марадона е опкружен со алкохол и цигари. На масата каде што седи славниот фудбалер има половина полна чаша пиво, како и шише апчиња.

Човекот до него на видеото беше идентификуван како Маријано Кастро, лекар и човек кој беше крајно близок со Марадона. Тој беше неговиот човек од доверба за време на престојот на „Ел Пибео“ во Куба.

Аргентинските медиуми пишуваат дека видеото покажува уште еден голем проблем што го имал Марадона пред смртта, а тоа е борбата против зависноста од алкохол и таблети.

Личниот лекар на Марадона, Леополдо Лук и поранешната докторка Росио Олива признаа дека овие работи биле голем проблем за време на животот на славниот Марадона.


извор:kurir.rs