„Кралот“ на Библијата: Собрал преку 100 од целиот свет
Хрватот Синиша Вуковиќ има едно необично хоби, собира Библии на различни светски јазици.
Досега успеал да собере преку 100 и тоа на 50 јазици.
До сега имал неколку изложби на кои ги презентираше Библиите кои ги собрал.
Раскажува дека со ова хоби почнал пред 20 години кога во Рим сите купувале сувенири, а тој купил Библија на хебрејски јазик.
„Се сеќавам дека беше скапа, и ми остана нешто ситно за една недела престој во Рим, но не ми е жал“ - вели тој.
На подарок добил Библија од Аргентина на шпански јазик.
Потоа стапил во контакт со луѓе од целиот свет и преку нив ги собрал сите тие Библии кои денес ги има.
Најстарата Библија која Вуковиќ ја има е од 1813 година на германски јазик. Поседува и француска Библија од 1820 година и шведска од 1874 година.
Има Библија на јапонски, кинески, арапски, ерменски, филипински, на нигерски јазик и други.