Кралскиот дворец на Рафаел Надал: Рајска градина со приватна плажа и пештера во морето

На Рафаел Надал ќе му треба малку време да се исклучи и одмори, а очигледно за тоа нема подобро место од неговиот дом.

Особено кога имате дом замок каков што има тој во Мајорка.

Во 2013 година Надал купи луксузен замок- на Мајорка во Порто Кристо. Според пишувањата на медиумите, тој платил 4 милиони евра.

Замокот има совршена локација, сместена на гребен со поглед кон морето од три страни, има пристап до сопствена плажа, каде што има пештера, но и неверојатна градина како во рајот украсена со четинари и многу медитерански растенија.

Фото: 

JAVIER FERNANDEZ / The Photo One / Profimedia

Извор: Телеграф