Протестите за смртта на Џорџ Флојд, кој почина поради полициската бруталност во Соединетите држави, продолжуваат, а има и такви што ја користат ситуацијата за кражба.
Разбојниците го искористија хаосот и судирите со полицијата што се случуваа во многу американски градови, па затоа го „исчистија“ салонот за луксузни автомобили во градот Сан Леонардо, Калифорнија. Сопственикот Мајк Саливан проценува дека биле украдени дури 80 автомобили, а нивната вкупна вредност е 2,7 милиони долари.
Крадците провалиле во салонот, а потоа успеале да влезат во „сефот“, во кој се наоѓале клучевите на сите автомобили од паркингот на салонот. Некои автомобили биле вратени од полицијата во лоша состојба, а се проценува дека повеќето ќе бидат демонтирани и продадени на делови.