Кучиња од најразлични раси, но само таа чува змија: Познатите позираат со милениците на светскиот ден на животните

 4-ти октомври во светот се прославува Светскиот ден на животните, кој е само не потсетува за нашата одговорност кон нив, заштита и грижа.

Четвртиот ден од месец октомври е посветен на подигање на свеста за потребите за подобрување на стандардите за третман и благосостојба на животните.

Овој ден само беше поттик за да направиме тема, какви миленици имаат нашите познати јавни лица. Од новинари, преку водители, пејачи, актери, сите со една цел неизмерна љубов и грижа за своите миленици кои не можат да си го замислат денот.

Викторија Лоба ги има померанците, Маша и Дуњаша. Оваа раса на кучиња уште ги нарекуваат мини шпиц. Ова е најмалата раса од редовите на шпицот. Померанецот е многу темпераментно и самоуверено животинче.

Финалистката од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Андријана Петрушовска исто така има куче од расата пемеранец.

Водителката Ирена Спировска го има германска дога. Веном е куче кое оваа година наполни 5 години. За таа пригода таа му подготви изненадување торта и балон со бројот 5 во сина боја.

Игор Џамбазов е голем љубител на животните. Постојано е опкружен со миленици. Го имаше славниот Бошко со кој се дружеше долги години, а ја имаше и мачката Емилија кои умреа. Одреден период додека престојуваше во Дојран ја имаше Ферхунде, инаку улично куче кое сега е со привремен престој во Скопје, па водителот знае на шега да каже „Ферхунде – Скопјанката“.

Водителката од кулинарското шоу „Брза кујна“ на Телевизија Сител, Сања Савеска ја има Маша, инаку куче од расата бушон. За карактерот на Маша, Сања вели дека не сака да се бања и да се шиша.

Македонскиот хип-хоп изведувач Тони Зен, како миленик го има велшкиот териер, Алф.

Тони Зен изминатата година беше дел од кампањата на ЈП Лајка „Вдоми, животот е поубав со куче“, и го вдоми Венко, куче кое 3 години било згрижено во „Лајка“.

Теа Трајковска секогаш споделува згоди и незгоди на инстаграм стори со малиот Тоби.

Кошаркарката Едина Муса го има миленикот Лео. Неодамна на социјалните мрежи таа објави дека ретриверот слави 5-ти роденден.

Дел од секојдневието на пејачката Андријана Јаневска е и миленикот Блеки.

Македонската инфлуенсерка Ангнеса Органџиева е единствена помеѓу сите познати со необичен миленик. Таа има змија – кралски питон по име Раја.

Фото: Инстаграм
Г.Д.Г