Купила куќа стара 250 години, а она што го открила под подот било целосно шокантно: „Сенки има насекаде“
Корисничка на TikTok која се претставува како „Опседната Амелија“ неодамна ги запрепасти нејзините следбеници. Таа објави видео од необично откритие во нејзината куќа.
Амелија не објаснила во кој град ја купила зградата стара 250 години, но покажала што пронашла откако ги подигнала белите табли, пренесува Мирор.
Прво паричка, а потоа...
„Забележав дека едната табла се движи, па решив да ја поправам. Бев изненадена кога одоздола најдов паричка со ликот на Едвард VII од 1904 година, во прашината и нечистотијата“, објасни таа.
@haunted_amelia I can’t believe what I found this hidden under the floor boards! I found other things like old nails and old paper. I’m tempted to look and see if I can find anything else! I’m left with a lot of questions like why was this hidden there in the first place? For those who are worried, I DID wear a mask when I did this. But the dust was getting in my eyes which wasn’t fun. #oldhouse #found #discovery #hiddentreasure #victorian #history #entertainment #story original sound - haunted_amelia
Но, тоа не било се‘! Тогаш забележала нешто што дури и не личело на книга и почнала да ја отстранува почвата. Таа била запрепастена од ситуацијата.
„Ова е дефинитивно книга, а којзнае колку време се крие под штиците. Покрај неа има 'рѓосани клинци и стари хартии. Цело време носев маска, но прашината ми влезе во очите“, рече таа.
„Се чувствувам непријатно“
@haunted_amelia Part two, what was inside the book. I have been feeling uneasy ever since I found it. Should I see if anything else is hidden? #spooky #hauntedhouse #hidden #discovery #old #victorian #entertainment original sound - haunted_amelia
Видеото брзо стана вирално, а корисниците сакаа да дознаат повеќе детали, особено за мистериозната книга. За само неколку дена „собра“ повеќе од 8,4 милиони прегледи.
„Се чувствувам непријатно откако го извадив. Внатре најдов еден куп стари портрети, но и фотографии од мојата куќа. Има и вознемирувачки фотографии од празни соби, а во секоја има сенки“, објасни загрижената сопственичка.
Корисниците не одолеаа да го коментираат необичниот настан.
„Што ако со отворањето на книгата го ослободивте тоа што го има на фотографиите?!“, напиша една личност, а друга продолжи: „На последната страница, ако се фокусирате, изгледа како момче со капа“.
Имаше и такви кои бараа логично објаснување, па еден корисник напиша: „Можеби фотографиите покажуваат како е изградена куќата. Изгледа како семејна приказна. Големо откритие“
Фото и Видео: ТикТок