ЛА НИЊА СЕ ВРАЌА: Јули и август кратки топлотни бранови, тука се и временските непогоди!

Климатолошкиот феномен ЛА НИЊА кој веќе долго време го споменувам и под чие влијание бевме изминатата зима, по неговото слабеење во почетокот на оваа 2025 година, во втората половина од летово, како и во есенските месеци повторно позначително ќе засили и ќе влијае на временските услови кај нас, објави метеорологот Славчо Попоски.
„Во ваква ситуација кај нас во Македонија, но и во регионот ЛА НИЊА треба да донесе повеќе и почести врнежи, како и временски непогоди, а со тоа и нови поројни поплавувања.
Што се однесува до топлотните бранови во јули и во август, истите ќе ги има, нормално, ќе имаме и засилени топлотни бранови кои ЛА НИЊА нема да дозволи да траат многу долго, како минатото лето кога се соочивме со екстремни и долги топлотни бранови и екстремни сушни периоди.
Се на се, пред нас се нови бројни временски непогоди, и за истите да бидеме подготвени, кои поради климатските промени ќе бидат се посилни и по екстремни“, напиша тој.