ЛАНИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ 75 ЕВРА, ГОДИНАВА 100, летото почна, омилена дестинација Грција, но ќе ви треба поголема сума

Летните горештини уште повеќе ги поттикнаа граѓаните да бараат или да резервираат сместување за својот летен одмор. Иако има и такви кои се уште ја бараат совршената дестинација, голем број веќе резервирале или пак заминале на плажите во соседна Грција. Од инфомациите кои стигнуваат до редакцијата на „Фактор“ од наши сограѓани кои веќе резервирале или заминале на одмор има раст на цените на сместувањето, како и на производите во малопродажба ова лето, што е очекувано поради инфлацијата која го зафати светот и регионот.

-Апартманите ми делуваа значитено поскапено. Иако летуваме многу рано, од петти јуни, за една недел сместување плаќаме 320 евра во Неа Флогита. Во истиов период сме плаќале многу пониски цени, а притоа бевме многу појужно сместени – вели скопјанката Тамара О.

Таа посочи дека забележале зголемени цени на сите производи, почнувајќи од гирото кое сега сепродава по цена од четири евра, а исто толку чинат и фрапето и пивото. За топка сладолет посетителите ќе треба да одвојат најмалку две евра, додека пак за радлер евро и четирииесет центи, а евроипол е почетна цена и за леб во локалните маркети.

-Единствена предност е што овошјето не е многу скапо, купуваме кајсии по цена од две евра за килограм кајсии од локални продавачи. Па и останатите свежи продукти не се многу скапи – вели нашата соговорничка.

Зголемени цени на сместувањето пријавуваат и други граѓани, кои потенцираат оти сместувањето е зголемено од 15-20 проценти.

Далибор Тодоров за „Фактор“ посочи дека минатата година за сместување за четири лица во Никити во Грција за десет ноќи платиле 760 евра во месец август. Повеќе по темата прочитајте на Фактор.мк


Фото: Unsplash