„Лекарите во Србија беа супер, но во Турција ѝ ги земаа парите и ја оставија да умре“: Болна исповед на мајката на Британката која почина во Белград по операција на желудникот во Истанбул
Мајката на 20-годишната Морган Рибеиро, која почина во Белград по неуспешна операција на желудникот во Турција, ја осуди клиниката на естетска хирургија, бидејќи „ѝ ги зеле парите и ја оставиле да умре“.
Како што пишува Дејли Мејл, Морган отишла во Турција за да оди на операција на гастричен бајпас по долгогодишно малтретирање поради нејзината тежина. Но, на младата девојка на враќање дома ѝ се слошило, поради што авионот принудно слетал во Србија. Морган итно била пренесена во болница, каде починала четири дена подоцна.
Нејзината ожалостена мајка Ерин Гибсон остро ја критикуваше клиниката за естетска хирургија откако нејзината ќерка беше пуштена од болница во Истанбул само три дена по неуспешната операција.
„Ниту една мајка не треба да ја преживее болката поради губењето на детето. Беше убава девојка, и одвнатре и однадвор. Таа ја закажа таа операција без мое знаење. Никогаш не би ѝ дозволила да се оперира. Платила 2.500 фунти на фирма во Швајцарија, но операцијата е направена во Турција“, вели мајката.
Откако била примена во болницата во Белград, лекарите констатирале дека тенкото црево ѝ било пресечено за време на постапката.
„Немаше шанси Морган да биде отпуштена од болница по само три дена од толку комплицирана процедура. Ѝ ги земале парите и ја оставиле да умре. Овие луѓе треба да се запрат. На младите им продаваат само соништа, а која е целта на сето ова? За (младите) да се прилагодат на притисоците на општеството“, вели оваа мајка на пет деца.
Таа, исто така, рече дека нејзиниот однос со нејзината ќерка се заладил во последните шест месеци.
„Ние бевме отуѓени во последните шест месеци, токму во времето кога таа истражуваше операција за гастричен бајпас“. Да знаев, ќе ѝ кажев за ризиците. Доцна дознав дека отишла на операција“, рече таа и додаде дека лекарите во Србија биле одлични.
„Ми рекоа дека ова е трет пат авион со британски пациент на естетска операција да мора итно да слета во Белград поради компликации“, вели Ерин.
Српското обвинителство и британските власти покренаа истрага за смртта на Морган, додава таа.
Сестрата на Морган, 26-годишната Кејли Рибеиро, ја молела сестра си да не ја оперира. Таа вели дека Морган имал консултација со клиниката пред да замине во Турција.
Нејзиното момче Џејмс тврди дека болничкиот персонал и преведувачите кои разговарале со неа не ги спомнале опасностите од операција на желудникот. Од авиокомпанијата со која Морган леташе, беше соопштено дека стјуардесите рекле дека Морган има висока температура и има силни болки.
Стјуардесата ѝ дала мраз и вода и тешко дишела, па ја однеле пред авионот каде имало повеќе простор, пробале и маска со кислород“, велат тие.
Нејзината смрт доаѓа неколку дена откако 26-годишна мајка на три деца почина по операцијата за подигнување на задникот во Турција.Бројот на Британци на кои им е потребна хоспитализација по естетската хирургија во странство е двојно зголемен во последните три години поради популарноста на естетските клиники во Турција, а особено „примамливи“ се ниските цени на зафатот.
Британската асоцијација на естетски пластични хирурзи (BAAPS) откри дека од 2018 година, на 324 Британци им е потребна хоспитализација по операциите во странство.
Според здружението, Турција била најголемиот извор на неуспешни операции, а потоа следат Чешка и Литванија.
Британците кои заминуваат на операција во странство се враќаат дома со инфекции опасни по живот, бактерии, пукање на импланти и згрутчување на крвта.
Извор: nova.rs