Леонардо ди Каприо гордо се носи со вишокот килограми: Има голем стомак и не се срами
Оскаровецот Леонардо Ди Каприо (45) беше фотографиран на плажа во Малибу, а во таа прилика тој покажа како изгледа по неколкумесечна изолација за време на пандемијата „Ковид-19“.
Лео беше фотографиран како ужива во прекрасен сончев ден на плажа, а во таа прилика тој покажа и поголем стомак, кој го „фати“ во карантин.
Инаку, 45-годишната ѕвезда на „Титаник“ не беше со неговата девојка, актерката Камила Морон и (23) со која се заедно уште од 2017 година, но тие за прв пат беа видени во јавноста на годинашните Оскари.
Камила неодамна зборуваше во интервју за возрасната разлика во нивната врска:
- Постојат многу врски во Холивуд и во историјата на светот, во кои има големи разлики во возраста помеѓу луѓето кои се заедно - започна таа.
„Мислам дека сите треба да се забавуваат со кого сакаат“, додаде.
Да потсетиме, Ди Каприо во минатото беше во врска со многу модели, вклучувајќи ги и ангелите на Викторија Сикрет Жизел Бундчен, Бар Рафаели, Нина Агал и многу други.