„Љубовникот ни дава на мене и Даниел по 650 евра месечно“: Крпевме крај со крај, а сега живееме заедно во вила
Жената и нејзиниот сопруг почнале да живеат со нејзниот љубовник
Еден пар решил да ги намали трошоците за живот со тоа што донел друг маж во куќата. Џенифер Мартин, нејзиниот сопруг Даниел и љубовникот Тај го започнале заедничкиот живот, во дом со две деца. Нивната љубовна врска ја сметаат за „финансиски благослов“ - цените пораснаа, а сè е намалено кога тројца возрасни ќе го поделат трошокот.
„Даниел и јас се мачевме финансиски пред да се пресели Тај. Живеењето во оваа област е многу скапо“, рече Џенифер од Ричмонд, Вирџинија. Таа се омажи за Даниел во 2008 година и набрзо станаа родители на две деца. Пред пандемијата на корона вирусот, Џенифер и Даниел одлучија Тај да живее со нив и да ја дели киријата. Дотогаш месечните трошоци беа 1.500 евра, а сега љубовникот плаќа 650 евра, вклучувајќи и некои трошоци за децата.
Тие заедно остваруваат годишен приход од околу 142.000 евра, поради што успеале да заштедат за куќа. Купиле куќа за која платиле 300.000 евра. „Дефинитивно не мислам дека би можеле да купиме куќа без Тај. Не познавам речиси никој на моја возраст во Ричмонд кој поседува куќа. Финансиска ситуација е очајна за многу луѓе што ги познавам, а потоа следува исплатата на студентскиот кредит“, рече Џенифер.
Распоред на спиење
Тие се договориле Џенифер да поминува две ноќи во спалната соба на Даниел, а потоа две ноќи во собата на нејзиниот љубовник. Џенифер истакна дека ова правило ќе продолжи и во новата куќа штом ќе се вселат. „Познавам други полигамни заедници кои веруваат дека секој полигамен човек треба да има своја спална соба, но бидејќи имаме деца, тој дополнителен простор е луксуз. Наместо тоа, менувам кревети помеѓу собата на Тај и Даниел на секои две ноќи и имам корпа што ја носам од соба во соба со моите најважни ноќни работи како крема за лице, ноќна крема и книгата што ја читам... Се трудам распоредот за спиење да го направам што е можно пофер“, објаснува Џенифер.
Таа додаде дека нејзиниот сопруг и љубовник се гледаат и со други луѓе. „Даниел има партнер со кој се гледа еднаш неделно, додека Тај има врска на далечина и повремено излегува со други луѓе. Имам уште две неврзани врски, со жена и маж кои излегуваат еден со друг", рекла таа.
Извор: Kurir.rs/Mondo