Лоша вест, посебно за мажите: Дали пиете лажно виски?
Постои огромен број на скапоцени вискија на светот, но новата научна студија покажа дека 21 од 55те луксузни висикија се всушност лажни..
Вискито отсекогаш се третирало како посебен пијалок за џентлмените и бизнисмените кои зборуваат за работа и дискутираат за милионите кои тешко ги добиле. Токму поради тоа вискито важи за едно од најлуксузните пијалоци, а на светот постојан огромен број скапоцени вискија, чии цени по шише знаат да чинат и по неколку милиони долари.
Она што ги шокира сите љубители на овој пијалок е тоа дека огромниот број на скапоцени вискија всушност не се вистински и дека тие верзии се лажни и скоро без никаква вредност.
Шкотскиот Универзитет тестираше 55 различни луксузни вискија и резулататите се шокантни. Се испостави дека 21 виски на тестот поминале како фалсификат, што значи дека скоро 50% од вискијата на пазарот се лажни. Тоа понатаму би значело дека 52 милиони долари годишно се трошат на лажни виски пијалоци, што е огромен проблем.
Од Шкотскиот Универзитет изјавија дека главниот проблем е тоа што луѓето не можат да го разликуваат вистинското виски од лажното, и тоа уште повеќе придонесува масивно да се продаваат лажните вискија и тоа по неверојатни цени од 800.000 евра, што е навистина шокантен факт.
По сето ова, треба да бидете доста препазливи и да не трошите премногу пари за скап виски пијалок, бидејќи веројатноста да потошите огромна сума на пари за фалсификат е голема.