Луѓето минуваат покрај гробиштата и се крстат-На кој му текна ова?
Необична табла со ознака „Резервирано“ се појавила на гробишта кај Чачак.
Одењето на гробишта може да биде болно, но често се случува да се појават разни натписи со чудни пораки за покојникот, кои ја разбиваат монотонијата на самата посета. Сега една ваква слика ги шокираше жителите на едно место во околината на Чачак, кога на локалните гробишта меѓу два гроба е пронајдена табла со натпис „Резервирано“.
Таблата од лим била залепена на зелената површина, така што „ги боде“ во очи посетителите на прв поглед, а на неа пишува дека парцелата е резервирана, минувачите не можат да поверуваат што гледаат.
Корисникот „Марти мистерија“ кој ја објави оваа фотографија на својот Твитер профил, во описот накратко напиша „Во име на отецот“ шокиран од тоа што го видел.
Во коментарите кои се појавија твитерџиите напишаа дека оваа практика е распространета низ цела Србија и дека „важно е да се резервира најдоброто место“.