Мадрид ја освои титулата најдобар град за здрав и избалансиран живот
Платформата за резервации на патувања „Омио“ анализираше 17 различни фактори за да открие кои европски градови нудат најдобри услови за здрав и избалансиран живот и за жителите и за посетителите. На врвот на листата беше главниот град на Шпанија, Мадрид, со вкупен резултат од 78,62 од можни 100 поени.
Мадрид доби високи оценки
Здравјето во урбаните средини е под влијание на многу работи, од квалитетот на воздухот и нивото на бучава, до достапноста на зелени површини, можностите за рекреација и бројот на сончеви денови. „Омио“ ги зеде предвид сите работи, вклучувајќи го бројот на спа центри, теретани, нивото на загадување и пристапноста за пешаци. Мадрид доби високи оценки во речиси сите категории, а особено се издвои благодарение на високиот квалитет на живот, дури 360 спа центри и просек од 2.712 сончеви часови годишно. Не е ни чудо што неодамна беше прогласен за еден од најсончевите главни градови во Европа.
На второ место се најде Лисабон, со резултат од 75,36, што исто така не е изненадувачки - особено откако градот најави отворање на нови мирни зони и бесплатен пристап до некои од своите најзелени градини.
Третото место го освои Виена, а Загреб, Љубљана и Будимпешта беа меѓу првите 20 градови што се издвоија како најсоодветни за здравје и благосостојба.
20-те најдобри европски градови за здравје и благосостојба:
*Мадрид
*Лисабон
*Виена
*Прага
*Амстердам
*Хелсинки
*Копенхаген
*Талин
*Рим
*Загреб
*Будимпешта
*Љубљана
*Берн
*Берлин
*Луксембург
*Рига
*Софија
*Вилнус
*Атина
*Стокхолм
*Ереван
*Рејкјавик
Фото: Freepik.com
Извор: Bizlife.rs