Магичната таблета: На кој начин помага медицинскиот јаглен
Дали сте знаеле на кој начин помага медицинскиот јаглен?
Имено, општо познато е дека медицинскиот јаглен апсорбира речиси се што сте примиле во желудникот, а неселективно за себе врзува голем број органски и неоргански отрови, дури над 60% од присутните токсини, микроорганизми и лекови.
Истовремено сам себе не се ресорбира и не оди во метаболизмот бидејќи заедно со врзаните отрови се исфрла од организмот.
Јагленост е сосема безопасен и нема нус појави, а може да се користи и кај деца.
Активниот јаглен може да се користи при обилни оброци кои го отежнуваат варењето на храната, но бидејќи јагленот врзува се, дури и хранливите материи и витамините на кои ќе „наиде“, не се препорачува за долготрајна употреба.
Тој е и брза итна помош во време на стомачен вирус.