Мајкл Б. Џордан, најсекси маж на планетата: Не ги почитувам жените кои веднаш легнуваат во кревет на првиот состанок
Кариерата на актерот Мајкл Б. Џордан продолжува да се одвива исто така брзо како што стана секс симбол среде немилосрдни улоги во филмовите.
Прогласен е од страна на магазинот „People“ за најсекси маж за 2020 година, а со таа титула се согласуваат милиони негови обожаватели ширум светот.
Едно нешто што Џордан не се плаши да дискутира се прашањата за жените и неговите мислења за состаноците, а неодамна ги сподели своите ставови за жените кои спијат со мажи првата вечер.
На прашањето дали ги почитува жените кои не се двоумат да спијат со мажи на првиот состанок, тој за Гламур магазинот вели:
„Не Не. Тоа не ми се доаѓа. Треба време. Треба да се запознаете. Да му дадете време на времето. Не ги почитувам жените кои веднаш легнуваат во кревет на првиот состанок“.
Коментарите на Џордан беа исполнети со различни реакции, а некои жени истакнаа дека е неправедно што мажите можат да се впуштат во секс на прв состанок и да не бидат судени толку остро. Ама, кога се работи за овој актер, скоро сите дами одговорија дека би биле со него.