МАКЕДОНЦИTE СЕ ВТОР НАЈГНЕВЕН НАРОД ВО ЕВРОПА: Зошто толку лошо котираме кога е во прашање смиреноста?

Граѓаните на земјава се рангирани на второто место меѓу европските нации во овогодинешниот Глобален извештај за емоции на „Галуп“, кој покажува колкав гнев или бес чувствува населението во секоја земја на дневна основа. Пред нас се само Турците, а она се забележува од мапата е дека дури и населението во Украина, каде трета година има војна е посмирено.

Граѓаните се согласуваат дека навистина е така, како што е наведено во истражувањето. Велат дека ни фалат трпение и смиреност.

„И јас го прочитав тоа истражување. Има вистина во тоа. Има многу причини зошто сме гневни. До некаде е и до менталитетот. И во сообраќајот луѓето се многу нервозни“, рече Марија Крстевска, граѓанка.

Друга жена која живее во Германија објаснува дека има разлика меѓу луѓето овде и таму, односно таму се посмирени. Повеќе на Фактор.мк