Македонија повторно се зави во црно: 46 починати од коронавирус за едено деноноќие

Во последното деноноќие починаа дури 46 лица со ковид-19 во нашата земја, а регистрирани се нови 504 случаи позитивни на вирусот.

Најмногу регистрирани, но и активни случаи во моментов има во Скопје. Од 30 273 случаи со ковид во Скопје, активни се 10 886.

Бројот на дијагностицирани од почетокот на епидемијата предивикана од новиот коронавирус во Македонија изнесува 69 954.

Оздравени се 46 352 лица, од кои денеска вкупно 731 пациент, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 21 579 пациенти.

Со овој црн рекорд на починати, се приближуваме со брзо темпо до земјите во Европа со најмногу жртви од оваа опасна болест.