„Македонската машина“: Еден од најдобрите безбол играчи во историјата е од нашата земја

Иако за него многу малку се знае во Македонија, сепак тој е човек кој има македонско потекло и беше еден од најдобрите безбол играчи во Америка.

Тој е еден од четворицата професионални играчи кои успеале да направат grand slam home run, односно home run при првото топче упатено кон нив во сезонаета. Познат е под псевдонимот „Македонската машина“.

Кевин Кузманов има 39 години, роден е во Њупорт Бич, Калифорнија е американски безбол играч со македонско потекло. Тој е трета генерација од македонско семејство иселено во САД.

 Пораснал во Евергрин, Колорадо, каде што играл безбол за своето средно училиште, како и во универзитетската лига на Арканзас, од каде што направил трансфер за професионалната екипа Вали Скрејперс во 2003 година.

Познато е дека безболот е игра која е најпопурна во Америка, но и една од најплатените. Кузманов сега е тренер во атлетската организација Оукланд. а играше безбол во Лигата на големите лиги (МЛБ) за Кливленд Индијанс, Сан Диего Падрес, Оукленд Атлетикс, Рокис Колорадо и Тексас Ренџерс.

Во 2009 година, постави рекорд во сезоната на Националната лига. Ова беше доволно Куќата на славните да го повика и да го праша дали ќе им ја донира својата бејзбол ракавица.

Инаку, освен тоа што е еден од најдобрите во историјата на безболот, се проценува дека неговата годишна заработка изнесуваше и над 5  милиони долари.

Фото:  Wiki, abc