Македонски Олимписки великани кои да се денес во Токио би направиле подвиг: Но една Македонка и на 60 години покажа надмоќ

Македонскиот Олимписки Kомитет е 195-ти член на Меѓународниот Олимписки комитет. Оваа институцја со години го негува олимпискиот дух, а Македонија имала неколку „титани“ кои учествуваа на големите Олимпијади и се закитија со медал.

Македонските спортисти имаат освоено 12 олимписки медали и тоа сите на летна олимпијада: 2 злата, 5 сребра и 6 бронзи. Повеќето од медалистите се членови на "Клубот на великаните" на МОК, што претставува посебна чест за секој спортист и спортски работник во нашава земја. Строгите критериуми, досега ги имаат исполнето 17 спортисти и спортски експерти. Секој член на "Клубот на великаните" добива статуа, златен прстен и значка.

Освојувачи на медали на олимписки игри се:

Благоја Видиниќ – ЛОИ Мелбурн - 1956 – сребрен медал
Благоја Видиниќ – ЛОИ Рим - 1960 – златен медал
Благоја Георгиевски – ЛОИ Монтреал - 1976 – сребрен медал
Аце Русевски - ЛОИ Монтреал - 1976 – бронзен медал
Шабан Сејдиу - ЛОИ Москва - 1980 – бронзен медал
Шабан Сејдиу - ЛОИ Лос Анџелес - 1984 – бронзен медал
Азис Салиху - ЛОИ Лос Анџелес - 1984 – бронзен медал
Милко Ѓуровски - ЛОИ Лос Анџелес 1984 – бронзен медал
Реџеп Реџеповски - ЛОИ Лос Анџелес - 1984 – сребрен медал
Шабан Трстена – ЛОИ Лос Анџелес - 1984 – златен медал
Шабан Трстена – ЛОИ Сеул - 1988 – сребрен медал
Стојна Вангеловска - ЛОИ Сеул - 1988 – сребрен медал
Могамед Ибрагимов - ЛОИ Сиднеј - 2000 – бронзен медал

Во Клубот на великани на МОК има и други членови, а во продоление ги гледате кои се:

Никого не би издвојувале посебно затоа пто сите се заслужни за огромниот успех кој го постигнаа, но Нада Ицева направи неверојатен подвиг.

Таа беше скокач со падобран, македонска и светска првенка и рекодерка, четири кратен првак на поранешна СФРЈ, најдобар македонски скокач со падобран на сите времиња. Носител е на престижните признанија Дијамантска значка и Златен прстен на Интернационалниот Олимписки Комитет - ИОК. Има изведено над 1.150 скокови (вклучувајќи го и оној во 1994 година кога имаше скок по повод својот 60-ти роденден). Нејзиниот личен рекорд е скок од 6.800 метри височина.

Фото: МОК