Македонскиот актер од Холивуд: Не може да преболи што Александар Македонски го направија „блонди“ во филмот

Тој е истакнат актер од Холивуд, со богата филмска кариера зад себе. Интересно е тоа што малкумина знаат дека има македонско потекло, односно тој е од третата генерација доселеници во Америка од Македонија.

 Џорџ Алeн Минов е роден во  Детроит, Мичиген, 1964 година. Бил забележан од модни „ловци“ во локален трговски центар на возраст од шеснаесет години и следната деценија работеше како модел  на големите пазари во Њујорк, Мајами, Чикаго, Грција, Милано и градови низ цела Азија.

Потоа се сели во Лос Анџелес, започнал да работи еклами,  сè додека не ги оствари своите први ТВ улоги.

Беше актер во 24 (2001), Криминални умови (2005), Бен и Кејт (2012)...   Ја доби главната улога на Валтер, тешкиот, но неспособен син на мафијашкиот крал во „ Sweet Tessie and Bags “ (2008). 

Потоа улогата на Драго, многу страствен филмски режисер во комедијата „Тајните на холивудската медицинска сестра“ (2008)... Потоа се појави во Голо трчање (2011), комедија каде ја играше улогата на Фари Фалуџа наспроти Чарлс Дарнинг. Сега спрема нов филм во кој се појавува и како режисер.

Во една прилика има кажано дека не може да го преболи тоа што режисерот Оливер Стоун доловувајќи го ликот на Александар Македонски, (го глуми Колин Фарел) го претстави како русокос. А би било интересно токму големиот војсководец  да го глумеше Џорџ.


Фото: IBM