Македонските милионери не му се ни до колена: Најбогатиот Балканец
Тој и официјално беше прогласен според „Форбс“ за
најбогатиот човек од поранешните Југословенски републики. Богатството на
хрватскиот бизнисмен Ивица Тодориќ му го проценија на нешто помалку од милијарда
долари.
Сепак, хрватско- чилеанското семејство Лукшиќ е најбогато, со нето вредност од 15 милијарди долари, но Тодориќ беше посочен како поединец.
Иако се води судска постапка за него за затајување данок, проневера на пари и кршење на законите, и само пред неколку дена му стигна и ново обвиниение, овој богаташ изгледа дека нема гајле. Со сите нешта што му се случија, се доведе до ситуација да прогласи банкрот. Сега упорно е посветен на својот блог каде ги известува читателите за сите неправилности и пропусти на Владата.
Беше сопственик и се уште е на стотина фирми во земјата и светот, меѓу кои најголемата- Агрокор. Сега не е дел од неа ниту таа е во негова сопственост, а токму за оваа компанија и се водат дел од споровите.
Со скандалите кои избија, се разниша и неговото богатство, па сега не се знае што поседува, што продал, кому му припаѓа неговиот имот...
Тој не крие дека е богат и често на Хрватите им го презентираше луксузот во кој живее заедно со сопругата Весна и децата Анте, Ива и Иван.
Од трговец на цвеќе, до набогат тајкун на Балканот и за некои, веќе пропаднат во бездна ... Исклучително паметен, галантен, отмен...
Ова не е бајка, ова е реалност. Серијата „Династија“ и раскошот кој се презентираше во неа веројано е смешен за него.
Еве што се‘ поседува или поседувал бидејќи дел од имотот се продава:
Според хрватски Експрес, највредниот имот на семејството Тодориќ е дворецот Кулмерови дворови на ридот Шестине, во Загреб.
Имотот се протега на 55.000 метри квадратни. Улицата Химпер е со дрвореди кои се специфични и големи, а на крајот веќе се наѕира раскошниот дворец кој е „потопен“ во уредно покосен посебен вид на трева. Импозантното здание е долго 54 метри и е во централениот дел од имотот.
Спиралните скали водат до огромниот ходник на првиот кат, како во серијалот „Династија“. Стилскиот мебел во дворецот беше делумно купен во Хрватска и делумно во странство.
Постојат неколку салони на приземјето, лифт до винарската визба и огромна гаража, а семејството се пресели во овој луксуз пред околу десет години. Тоа е местото каде живее или живееше целото семејство, сите сместени на одделни страни. Ентеиерот изобилува со барокни и рококо елементи, Сваровски кристали, неколку бањи, столни лампи со слонови коски, базени, терерана...
Гаражата е огромна, а постариот син Анте е голем љубител на автомобилите „Порше“ и ги има неколку, во разни бои и дезени, претежно најнови модели.
Семејството поседува хеликоптер „Бел 427“.
Покрај дворецот, семејството има и други луксузни недвижнини.
Меѓу нив е и вила во Медвеја кај Опатија. Се вика вила Castello изградена во 1915 година во неокласичен стил. Важи за една од најубавите хрватски вили, синоним за буржоазија. Има 1000 квадратни метри, а поседува и хелиодром.
Куќата во Горски Котар, некогаш позната како Магичната колиба ја купиле откако минале неколку одмори таму. Куќата и градината се распространети на 8000 метри квадратни, а само куќата опфаќа 200 квадратни метри, изградена во 2007 година.
Направена е од рачно изработени трупци од ела и смрека, подовите се наредени со порцелански плочки, а најголем дел од мебелот е рачно изработен, почнувајќи од маси и столчиња, до кралски кревети ... Камин, подно греење, сауна, базен се само дел од „опремата“ на оваа куќа во срцето на Равна Гора.
Семејството исто така е сопственик на импозантната јахта Јан, со која одат на островот Смоквица кај Рогожница.
Таму е нивната летна резиденција. Првично, островот бил преземен во очајна состојба бидејќи поранешните воени објекти биле ограбени и уништени. Вложиле пет милиони евра во реновирањето. Куќата е како хотел со 5 ѕвезди и изгледа имресивно.
И покрај овие резиденции, Тодориќ ја задржа и старата куќа на Пантовчак, каде што живееја пред да се преселат во дворецот, која се наоѓа спроти претседателската палата.
Имаат и неколку станови, покрај море и во Загреб како и многу продажни објекти.
Хрватите велат дека е невозможно да се следи неговото богатство, дека живеел како Бог и дека има пари за десет поколенија...
Небојша Толески