Македонското чудо: Солениот извор Соленица, феномен на природата

Ова е македонско чудо!

Изворот Соленица се наоѓа во атарот на село Слатина, околу 15 км.северно од Македонски Брод. Во геолошки поглед изворот е лоциран на раседна зона, која ги двои тектонските единици Пелагониски хорст-антиклинориум и Западномакедонска зона. 

Издашноста на изворот Соленица е тешко е да се измери, бидејќи неговата вода се акумулира во два кладенци и од нив истекува во тенки млазеви. Сепак, преку равенство за издашност и специфична спроводливост меѓу изворот и површинскиот водотек на Марковска Река во кој изворот Соленица партиципира приближно е определена издашноста на изворот на околу 50 ‒ 100 g/sec.

Изворот е бетониран и наликува на бунар. Анализираните примероци вода имаат голема содржина на натриум и калиум.

Резултатите од хидрохемиските анализи на изворот Соленица покажуваат дека неговата вода е многу алкална. Изворот има висока минерализација како резултат на високо растворени: карбонати, хлориди, нитрати и сулфати, како и: калциум, водород, магнезиум, калиум и натриум. Главните процеси што го контролираат квалитетот на вода е распаѓањето на силикатни и карбонатни минерали. Овие минерали се карактеристични за некарбонатната и карбонатната серија, кои се одвоени со расед, а вдолж, кој е формиран изворот.

Всушност, изворот има солена вода поради поголемото присуство на натриум и на хлориди. Овие елементи истовремено покажуваат и дека водата потекнува од големи длабочини. Токму солена што не може да се пие, а некои велат дека соржи 80% соленост, што е многу.

Во Првата и Втората Светска војна кога немало залихи на сол, луѓето во околните градови и села доаѓале тука и црпеле солена вода за после да можат да месат леб и за употреба во јадењето.