Шест лекции на кои секој татко треба да го научи својот син

Татковството е, ќе се сложат сите, една од најтешките животни улоги – нема простор за грешки, а лекциите што татковците ги научиле на потешкиот начин мора да им ги пренесат на своите синови.

Не за да бидат „совршени“, туку за да останат свои и стабилни мажи со здрави вредности.

1. Твојот карактер е твојата најсилна предност

Изгледот може да привлече внимание, но силниот ум, смиреноста и чесноста се она што гради почит и доверба.
Учиш цел живот – читај, размислувај, развивај логика и самоконтрола. Маж со мирен ум никогаш не е слаб.

2. „Не“ е збор што гради граници

Самопочитувањето почнува со способноста да поставиш граници.
Не мораш секому да се допаднеш, ниту да се правдаш зошто нешто не сакаш.
Ако некому твоето „не“ му пречи, тоа е негов проблем, не твој.

3. Најди ја својата вистинска забава

Мажите често мислат дека забава значи алкохол или друштво по секоја цена.
Но вистинската забава може да биде спорт, музика, природа, пешачење или време потрошено на нешто што ја храни душата, а не егото.

4. Внимавај што внесуваш во својот ум

Филмовите, содржините, разговорите – сето тоа ја гради твојата психа.
Ако толерираш насилство, цинизам и драма, тоа станува твој образец.
Избирај содржини што те градат, а не те трошат.

5. Годините од 15 до 30 се твојата животна школа

Во тој период ќе паднеш, ќе згрешиш, ќе се разочараш и ќе научиш да станеш.
Не брзај да бидеш „успешен“ по туѓи мерки – учи да бидеш стабилен и самостоен по свои.

6. Исцели се пред да станеш татко

Децата не смеат да го носат товарот на твоите нереализирани амбиции, стравови или незалечени рани.
Татковството е продолжување на твојот раст – а најголемиот подарок за едно дете е емотивно зрел татко.

На крај, секој син станува маж кој сам избира – како ќе мисли, ќе сака и ќе чекори низ животот.