ОХРИДСКО ЛЕТО И A1 МАКЕДОНИЈА ЈА ПОТВРДИЈА СОРАБОТКАТА И ВО НАРЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ

A1 Македонија со гордост ја најавува продолжената стратегиска соработка со престижниот културен фестивал „Охридско лето“. Денеска, во седиштето на компанијата, се одржа конференција за медиумите, на која директорите на двете институции ги презентираа резултатите од изминатата сезона и ги најавија заедничките планови за наредниот период.

„2025 година беше извонредна година за ‘Охридско лето’, исполнета со врвни уметнички изведби, свежина во програмата и инспиративна енергија од публиката. За нас како A1 Македонија, ова партнерство е потврда на нашата корпоративна стратегија – да ја приближиме културата и уметноста до сите граѓани. Горди сме што сме дел од фестивал што успешно ги комбинира наследството и традицијата со современите уметнички тенденции. Со оваа соработка ја зацврстуваме нашата визија за долгорочна поддршка на културните иницијативи и со големо задоволство ја најавуваме продолжената улога на A1 Македонија како генерален спонзор и во наредните години“, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на A1 Македонија.


„Со особена чест сакам да соопштам дека јубилејното 65-то издание на фестивалот “Охридско лето” беше едно од најуспешните досега, со повеќе од 36 концерти и уметници од целиот свет. Годинава го официјализиравме и стратегиското партнерство со А1 Македонија, кое овозможи фестивалот да се развива и надвор од летните месеци. Во рамките на постфестивалската програма најавуваме два значајни концерти и тоа на 29 ноември во Македонската филхармонија и на 20 декември во Охрид, каде што влезот ќе биде бесплатен како наш подарок за верната публика. Фестивалот продолжува да расте со поддршка од Министерството за култура и туризам, Претседателот на државата, нашите партнери и спонзори“, изјави Ѓорѓи Цуцковски, директор на „Охридско лето“.

Партнерството меѓу A1 Македонија и „Охридско лето“ претставува пример за успешна синергија меѓу корпоративната одговорност и културната традиција. Со финансиска, логистичка и техничка поддршка, A1 ја унапредува достапноста до културата и ги поврзува технологијата и уметноста на современ и иновативен начин.

Во знак на признание за континуираната поддршка и зајакнувањето на фестивалските иницијативи,директорот на НУ „Охридско лето“ на овој настан му врачи симболична благодарница на главниот извршен директор на A1 Македонија, Методија Мирчев.

Со ова партнерство, A1 Македонија ја потврдува својата заложба за долгорочна поддршка на културата и на заедницата, продолжувајќи да инвестира во уникатни уметнички искуства што ги зближуваат публиката и артистите.

ПР објава