Максимизирајте ги вашите приходи и придобивки со услугата „Примател на плата“

Изборот на финансиска институција што ќе се грижи за вашите пари е една од најважните финансиски одлуки, па затоа е многу важно на изборот на банка каде што ќе ги примате вашите финансии,  да се посвети посебно внимание. Ова е особено важно доколку сте вработени бидејќи изборот на банка преку која што ќе го добивате својот месечен личен доход може да значи добивање низа бенефиции.

Халкбанк како банка што постојано води грижа за потребите на граѓаните и креира производи согласно нивните потреби,  ја создаде услугата Приматели на плата за сите оние кои сега се вработиле, или пак, кои решиле својата плата (или пензија) да ја префрлат во банката.

Па така, секој што ќе отвори тековна сметка во Халкбанк и преку неа ќе остварува редовен личен доход добива Mastercard Debit Contactless дебитна картичка со која што може да подига готовина од банкоматите на сите банки во земјата без провизија.

Халкбанк, како лидер во воведувањето нови технологии, на сите кои отворат сметка во банката им нуди и современо, брзо и сигурно електронско и мобилно банкарство што овозможува добивање нотификации за примена плата и за секој прилив и одлив на средства, но и извршување на останати обврски online.

Со добивање плата преку сметка во Халканк се добива и можност за дозволено пречекорување на тековната сметка во висина до три месечни плати, како и можност за добивање некоја од кредитните картички од светските брендови Visa и MasterCard со кои, меѓу другото, може и да се пазарува на рати без камата во мрежата на трговци со кои Банката има склучено договор.

Халкбанк е и единствена банка која има Бонус програмата со која што со пазарувањето со некоја од кредитните картички издадена од Банката на одредени продажни места и во одредени периоди, се добива одреден процент на попуст кој на сметката се евидентира како бонус поени. Бидејќи 1 бонус поен вреди 1 денар, всушност се добиваат средства што потоа може да се користат на било кое продажно место каде што постои ПОС терминал на Халкбанк. Тука се и можностите за користење на GarminPay,мобилното плаќање преку HalkPay,брзо префлрање на средтсва преку телефонски именик со SmartSend, подигнување на готовина од АТМ без картичка, СМС код преку SmartCash, штедење на кусур од плаќања со дебитна картичка прекуЕ-касичка, но и други корисни услуги кои се ретка понуда во земјата.

Освен овие основните бенефиции, секако не треба да се заборави и тоа дека примањето на плата преку Халкбанк значи во иднина полесна и посигурна можност за добивање Станбен кредит или, пак, можеби Потрошувачки кредит кои се со најдобри услови на пазарот. Не треба да се заборави и производот Мој Депозит кој е со повластени каматни стапки и е креиран за приматели на плата, пензија и дополнителни примања на трансакциска сметка во Халкбанк АД Скопје.

Затоа, доколку сега се вработувате изберете ја Халкбанк и искористете ги бенефициите предвидени за примателите на плата преку Банката. Истото ќе го добиете и доколку направите паметен избор и својата плата ја префрлите во Халкбанк.

ПР Објава