Мал рај на земјата: Oстров стар 4.000 години е вистинска атракција

Oстровот Вила Франка до Кампо изгледа како мал рај на Земјата.

Овој вулкански остров е стар околу 4.000 години и претставува најголема туристичка атракција во Сао Мигел. Внатрешноста на островот сокрива речиси совршено кружно природно езеро (кратер на потопен вулкан) кој е поврзан со Атлантскиот океан преку тесен премин.

Благодарение на богатата флора и фауна која го опкружува островот е класифициран како природен резерват. Таму можете да видите голем број на различни видови птици, а поради богатиот подводен свет сите ги привлекува и сите оние коишто сакаат да нуркаат.

Од јуни до септември од градот Вила Франка до Кампо се организираат редовни бродски тури околу островот.