Марио на својот палец го видел ликот на Исус Христос! Од тогаш животот му се промени- Вели дека ова е знак од небо

Луѓе од различни делови на светот се јавуваат со приказната дека ликот на Исус Христос им се појавил на разни предмети, но оваа приказна ќе ве изненади.

На Марио му се појави ликот на Исус Христос на неговиот палец

Имено, Марио Попеску е млад магионичар и забавувач од Романија на кој неодамна на палецот му се појави ликот на Исус Христос.

Тој тврди дека ликот на Исус му бил создаден кога ја допрел пепелта, а кога ги видел очите, носот, косата и брадата останал шокиран.

Марио вели дека неодамна имал многу тешко време и го видел ова како знак од небото.

„Оттогаш се чувствувам многу посмирено, а мојата кариера е во нагорна линија“, рече тој.

За разлика од Марио, Ненад Пауновиќ (36) повеќе од една деценија со болка и крв ги дочекува најголемите христијански празници.

Имено, за време на големите празници, на неговото чело се појавува раскрвавен крст.

Раните се појавуваат сами по себе, односно не им претходи некоја конкретна повреда.

Дали овие работи се навистина чудо или само случајност, можеби никогаш нема да дознаеме.