Маж продава снимки на кои е бремен и како се пораѓа?! Западнал во неволја со сопругата, па нашол НОВ БИЗАРЕН начин да заработи!
Сајмон Хендерсон, 48-годишен маж од Кент, кој на социјалните мрежи го носи и името King Belly, се пофали
дека заработува пристојна сума продавајќи специјални видеа за машка бременост
на OnlyFans.
Хендерсон до денес на својот профил објавил 180 видеа и 277 фотографии, што му донело околу четири илјади фунти или нешто повеќе од 250.000 денари. Тој работи какои службеник во банка и истакна дека содржината не е од порнографска природа, но изјави и дека одржува финансиски вишок откако западнал во неволја поради развод.
Порнографска или не, страницата OnliFans на Хендерсон содржи различни фетиши, вклучувајќи го и „MPREG“, што е термин за фантазии за машка бременост. На дел од снимките Англичанецот глуми дека се пораѓа, а досега има 80 постојани претплатници.
- Повеќето мои обожаватели се мажи и тоа не ми пречи, на крајот на краиштата, тие ми ги плаќаат сметките. Сакам да снимам и сакам да глумам, но иако сум на таа платформа девет месеци, сепак сум изненаден од преференциите на луѓето.
Сајмон отворил канал на YouTube во 2009 година, но никогаш не објавувал многу и имал само неколку посветени обожаватели. Од почетокот на оваа година тој почнал да го користи за да го рекламира својот канал на OnlyFans.
- Бракот ми се распадна, ги оставив сопругата и децата, живеам под кирија. Сè уште плаќам половина од хипотеката, а од OnlyFans заработувам во просек по сто фунти неделно. Можеби некому не му звучи многу, но доволно е да бидам во плус. Со зголемувањето на сметките и трошоците за храна и тоа што банкарските службеници не се добро платени, би бил во голема неволја - рече меѓу другото Хендерсон.
Фото и Видео: ТикТок