Мажите откриваат: Зошто помладите мажи „паѓаат“ на постари жени
Во последниве години сме сведоци на се повеќе ѕвездени парови каде големата разлика во години (10 и повеќе години) е во корист на жената. Но, за разлика од случаите кога мажот е позрел во врската, таквото пресвртување на односот предизвикува поголем одзив во јавноста, критики и скептицизам.
Кејт Бекинсејл и Пит Дејвидсон, на пример, раскинаа по неколку месеци врска, но врската меѓу Шакира и Пике продолжи повеќе од една деценија, како и Џејсон Момоа и Лиза Бонет. За среќа, некои, вклучително и првата двојка од Франција, Брижит и Емануел Макрон, продолжија да бидат заедно многу години, и додека ние ги вкрстуваме прстите за парови како Оливија Вајлд-Хари Стајлс и Пријанка Чопра-Ник Џонас, врската постарата жена-помлад маж останува тема што вреди да се истражува поради општествениот однос кон таквите врски.
За разлика од ситуацијата на постар маж - помлада жена, која се смета за поприфатлива, во другиот случај парот најчесто заработува критика, а сведоци сме и на уште едни довјни стандарди.
Како одговор, писателките Фелисија Брингс и Сузан Винтер интервјуираа над 200 мажи за да откријат што ги привлекувало кај постара жена од нив. Резултатите се објавени во книгата „Постари жени, помлади мажи: нови можности за љубов и романса“.
Признанијата објавени на веб-страницата на американското ТВ шоу „Today“ претставуваат огромен дел од мислењата на мажите. Некои од нив споделуваат дека не барале постара жена намерно, а други укажуваат на специфични квалитети кај постарите жени кои ги преферираат.
Фото: Youtube - screenshoot