Мажот Македонец не е толку убав, многу се фали и по малку е насилен
Реномираната американска агенција CIA (Coverdale Industrial Agency) спроведе истражување на поширокиот Балкан за сексуалните табуа и заостанатоста на балканските народи во врска со сексуалните проблеми.
Она што ги зачуди американските истражувачи се следниве факти:
95% од Балканците, без оглед на вера и етничка припадност, никогаш не би простиле прељуба.
70% од мажите ги изневеруваат своите жени.
65% од мажите сметаат на жената ѝ е место во кујната.
76% од жените сметаат дека мажот мора да обезбеди егзистенција на семејството.
99,99% од мажите и жените веруваат дека институцијата брак е загрозена од геј пропаганда и дека бракот е можен само помеѓу маж и жена.
Се напоменува дека 57% од испитаниците се разведени или имаат повеќе од еден брак.
Она што исто така ги зачуди американските истражувачи е одговорот на жените од Балканот на прашањето чии мажи се најубави и најсекси.
Српските мажи победија убедливо, со над 37% поддршка од женското население од целиот регион, односно целиот Балкан.
Интересно е да се напомене дека за време на ова истражување, Србинкитене можеа да изберат Срби, Бугарките- Бугари, Хрватите- Хрвати, па затоа жените можеа да изберат припадник на друга нација.
После Србите, најпопуларни мажи на Балканот се Грците со 19% популарност, следени од Хрватите со 11%, Босанците со 10% и Црногорците со 7%.
Е сега, доаѓаме до мажите Македонци.
Според испитаниците, мажот Македонец не е толку убав, многу се фали, претерува со лажење, знае да биде по малку насилен, ама најчесто знае да шармира, иако после неколку секунди може да ѝ се развика на жената. Во еден момент напнат и нападен, во следниот веќе гледа дека згрешил. Не е толку секси како што се преттавува. Само 6 %.
Убедливо најнеатрактивни, според мислењето на балканските жени, се Албанците, со само 1% поддршка.