Милан Поповиќ објави скандалозна фотографија со која ја понижи Северина:: „Една мајка, а татковци има повеќе?“

Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ не ги кријат своите реакции во медиумите, а и на социјалните мрежи, откако на пејачката по вторпат и беше одземено старателството на синот Александар во корист на таткото. Оттогаш, Северина изнесе бројни детали и осуди против Поповиќ, но и хрватскиот правен систем, пренесува Слободна Далмација.

По одлуката на Врховниот суд во Загреб, како и големиот притисок од јавноста, Милан Поповиќ даде куса изјава, посочувајќи дека единствената одлука која била донесена е во корист на нивниот малолетен син. Но, сега реши повторно да ја испровоцира поранешната партнерка, па на Инстаграм ја објави следнава фотографија со натпис: „Една е мајка, а татковци има повеќе...?“, пишува на фотографијата.

Ова беше доволно да добие бројни кометари кои ја осудија ваквата објава.

„Тој е единствен за неа, не за тебе“, гласеше коментарот на еден корисник.


Фото:Инстаграм