Милијардерот Чарли Мангер го открива својот пат до успехот: Љубомората е опасна работа
Минатата година, богатството на овој човек беше проценето на 1.7 милијарди долари..
Сите оние кои не се задоволни со својот живот, инспирација бараат во богатите луѓе и милијардерите на кои се восхитуваат и ги гледаат како идоли. На овој свет постојат многу личности кои успеале да направат огромни богатства, но постојат и неколку од оние најбогатите кои имаат по милијарда долари и кои буквално не нзаат што да прават со нив.
Еден од таквите луѓе е и Чарли Мангер, потпретседателот на компанијата „Berkshire Hathaway“, кој има богатство од над 1.7 милијарди долари. Овој човек моментално има 95 години и вели дека е задоволен со својот долг и среќен живот во кој успеа да направи огромни количини на пари.
Поради тоа, многу луѓе се прашуваат кој е неговиот пат до успехот и од него бараат совети за тоа како и тие да постигнат барем делумни резултати.
Мангер не е човек кој открива многу за својата работна политика, но тој неодамна откри две работи, кои ги смета за најважни за создавање на богатство и успешен бизнис.
„Постојат две работи кои ги научив во мојот долг живот што никогаш не ги правам и кои ме водат кон успехот. Првата работа е никогаш да не се жалите за себе. Ако вашето дете умира од рак, не жалете за себе. Другата важна работа е зависта. Не смеете да им бидете љубоморни на другите, туку треба да внимавате само на себеси. Ова е најлошиот смртен грев, што ќе ве спречи да бидете успешни“ – изјави Мангер кој смета дека овие две работи се најодговорни за неговиот успех во животот.