Милијардите мора да се поделат: Марк Цукенберг брилираше
Петтиот најбогат човек на планетата вели дека ниту една личност на светот не треба да има бесконечна суми пари ...
Основачот и креатор на „Фејсбук„ се отвори во јавноста и објасни зошто смета дека милијардерите не треба да постојат на оваа планета.
„Не сум сигурен како се одредува кој колку заслужил пари, но сигурен сум дека никој не смее да има право на неограничени и луди суми пари како индивидуи, вклучително и јас“, рече Марк, шокирајќи ја јавноста, објаснувајќи дека треба да има закон што ги наградува луѓето што прават нешто корисно или кои заработуваат пари, но дека треба да има ограничување на постојаниот и неограничен прилив на пари.
Марк вели дека милијардерите тогаш треба да го споделат своето богатство со другите и дека тоа треба да се направи легално. Тој со личен пример покажа дека е во право и донираше 99% од неговите акции на „Фејсбук“. Останатото богатство го користи да придонесе во поддршка на науката, медицината и младите умови и инвестира милијарди за подобра иднина.
Сепак, Марк додава дека има поединци кои имаат поголеми суми пари од тој што не прават ништо за хуманоста и кои користат пари само за уништување и самоуништување. Тој верува дека тоа мора да биде забрането и дека милијардерите и сите други богати луѓе на планетата мора да преземат одговорност да ја направат нашата планета подобро и поубаво место за живеење.
Дали се согласувате со зборовите на Марк Цукенберг и дали би се согласиле да донирате голема количина од своето богатство кога ќе го заработите?