Милионер ја користи крвта на синот за да се подмлади, не сака да остари

Foto: Instagram


45-годишниот милионер не може да се помири со фактот дека телото му старее, па крвта на синот ја користи како еликсир на младоста.

Контроверзниот милионер Брајан Џонсон (45) се обидува на секој начин да се подмлади. Овој пат шокираше со нов подвиг - размена на крв од три генерации.

Брајан примил трансфузија на крв од неговиот 17-годишен син Талмаџ, на кој за таа прилика му бил извадена литар крв, одвоена плазма и инјектирана во циркулаторниот систем на Брајан.


Брајан верува дека младата крв може да го забави процесот на стареење во неговото тело и да го поправи настанатото оштетување на клетките. Истата процедура ја направил и на својот татко Ричард (70), само Брајан во тоа време бил млад крводарител.

Тие извршиле размена на крв од три генерации во Resurgence Wellness, болница со футуристички изглед во Арлингтон, Тексас.


Контроверзниот милионер не се откажува од својата идеја да се подмлади

Според извештаите, Брајан се водел од истражувањето спроведено на глувци, според кое се верува дека наводно кога постар глодар ќе добие крв од помлад, тоа ќе го промени процесот на стареење. 

Сепак, нема докази дека такво нешто може да делува кај луѓето. Напротив, може да биде опасно поради можна силна имунолошка реакција на примачот.

Да потсетиме, овој богаташ годишно троши околу два милиони долари за да се подмлади и повторно да изгледа како 18-годишник. За да ја постигне својата цел, која вклучува „да има мозок, срце, бели дробови, црн дроб, бубрези, тетиви, заби, кожа, коса, мочен меур и гениталии на 18-годишник“.


Џонсон вработил тим од 30 лекари и здравствени работници кои ја следеле секоја негова телесна функција. Овој план бараше не само надзор на лекарите, туку и создавање на мала клиника во домот на Џонсон во Калифорнија.

Тој редовно објавува слики и видеа за неговиот „процес на подмладување“ на неговиот канал на Јутјуб и на другите социјални мрежи.