Милиони со неверување го гледаат видеото од Сараево: „Ајде објасни му на шефот дека врана украла...“

Во регионот деновиве кружи видео од необична кражба. Враната скока кон киоскот, го зема она што ѝ треба, а потоа скока неколку метри подалеку со својот плен.

Со клунот отвори вреќа со грицки и се почасти. Така отприлика оди видеото од Сараево кое многумина ги остави во неверување, пренесува vecernji.hr.

„Во Сараево и врани крадат“, е насловот на видеото кое собра повеќе од 23 илјади реакции. Во првите неколку часа од објавувањето има 1,7 милиони прегледи.

Врана украла вреќа грицки, а судејќи по коментарите, никој не ја обвинува дека премногу крадела. Тие се шегуваат на социјалните мрежи.


„Ајде, што крадат, а од каде знаат што сакаат“, „Галебот ми ја украде крофната од рака, овој смоки краде, врапчето ми го зеде сендвичот... По кој пат оди птичјиот свет ццц?

Некои велат дека птицата го научила ваквото однесување од политичарите, додека други се грижат за последиците: „Сега објасни му на газдата дека врана ги изела смоките“.