Забава // Занимливости
Mint Fintech Group во соработка со Црвениот Крст, со поддршка за социјално загрозените семејства
- 29 Јануари, 2024
Викендов во Битола се одржа традиционалниот годишен настан – народна кујна за социјално загрозените семејства во Битола, спонзорирана од МINF FinTech Group.
400 топли оброци беа поделени во акцијата „Food drive “ за социјално загрозените семејства во организација на Лајонс клубот “Хераклеа“ од Битола и Црвен Крст Битола. Храната се подготвуваше во мобилната кујна која беше поставена кај старата битолска касарна, а сите потребни продукти за подготвување на оброците ги обезбеди “Mint Fintech Group“, чии вработени се вклучија во акцијата.