МИСТЕРИЈАТА СТАРА 6 ДЕЦЕНИИ: Никогаш не е разјаснето што се случило со овие Руси на ПЛАНИНАТА НА СМРТТА!
„Дијатовлев пролаз“ е името на инцидентот што се случил во февруари 1959 година во северниот дел на планините Урал, кога девет планинари починале под се уште неразјаснети околности.
Не е познато што ги натера деветте млади луѓе да го напуштат својот камп и да излезат голи и боси на неверојатниот студ од минус 24 степени.
Група од 10 студенти од Политехничкиот институт Урал тргнаа во авантура кон Планината на смртта, бидејќи е позната пот тоа име на овој дел од планинскиот венец. Еден од нив се врати дома порано поради здравствени проблеми.
Тие поставија камп на планината за да спијат на планинските падини, а истражителите подоцна утврдија дека скијачите ги искинале своите шатори одвнатре. Заминале од кампот, некои од нив боси, за време на обилни снежни врнежи. Иако на телата немало видливи знаци на борба, како што е контузија, двете жртви имале скршени ребра и череп.
Советските власти утврдија дека причината за смртта е „непозната сила“, а пристапот до тој регион беше блокиран за планинарите и авантуристи во следните три години. Бидејќи немало преживеани, хронологијата на настаните останува неизвесна, иако имало шпекулации дека имало лавина, непријателска средба, несреќа со војска или дека имало средба со некое непознато суштество.
Исчезнаа скоро еден месец по пешачењето низ мрачната пустина на планините Урал. Седум мажи и две жени беа искусни планинари и овој пат им требаше пауза од студиите. Фотографиите од нивните фотоапарати покажуваат дека тие биле весели и опуштени кога тргнале на оваа возбудлива авантура и покажуваат дека оделе со воз, а потоа пеш кон оваа пуста област.
Спасувачите најдоа прво пет тела, на работ на шумата, на половина километар од кампот. Јуриј Дорошенко (21) и Георги Кривонишченко (24) лежеа покрај дрвото во својата долна облека, на падината под напуштениот шатор, оддалечена половина километар.
Игор Дијатлов (23), водачот на групата, беше облечен, но без чевли и во искинати чорапи - со волнен чорап на десната и памучен чорап на левата нога. Лежеше мртов 300 метри од дрвото по нагорнина на патот кон шаторот, прегрнувајќи ја брезата. Неговата глава беше свртена во правец на шаторот.
На триста метри оддалеченост, на ридот, лежеше Зина Колмогорова (22), која беше под снегот, а нејзиното тело го намириса куче. И таа беше без чевли, а главата беше свртена кон шаторот. На околу 180 метри од неа, лежеше Рустем Слободан со скршен череп. На десната нога стоеше валенка (топла чизма направена од валана овча волна) со четири чорапи, а левата нога беше боса.
Останатите беа пронајдени дури на крајот на пролетта, по два месеци. Људмила Дубињина беше покрај извор, на колена, свртена кон него, и покрај неа лежеа Семјон Золотариов и Александар Колеватов, додека Николај Тибо-Брињол лежеше во водата. Золотариов беше без очи, Дубињин без очи и јазик. Се зборуваше и за чудната боја на кожата на мртвите.
Според положбата на нивните тела, заклучено е дека тие се обиделе да се вратат во кампот. Беа поставени разни прашања: зошто истрчале полуголи од шаторот во суровата зимска ноќ, што видоа, дали нешто им влегло во шаторот?
Во извештаите се вели и дека на нивните лица има израз на неопислив страв, свртени кон шаторот. Тие не истрчале од шаторот низ вратата, туку му пресекле дупка и излетале низ него. Се појави верзија на извештајот, според која нивните тела и облека биле радиоактивни.
Дони Аџарје се посвети пет години на истражување на оваа мистерија и тој самиот тргна по патот по кој животот го загубија младите студенти. Излезе со теорија што може да го објасни нивното неразумно напуштање на логорот. Аџарје верува дека главниот виновник е таканаречениот вртлог Карман, феномен што може да се произведе од страшни ветрови од планинско торнадо, и кој има моќ да произведе чувство на ирационален, луд страв кај една личност.
Поради специфичната топографија на местото каде што беа малите планинари, моќните ветрови на Урал во овој дел се претвораат во вртлози кои се во можност, освен заглушувачки струи, да произведат и опасен инфразвук - звук со толку мала фреквенција што човечкото уво не може да го чуе...