МНОГУ ТРУД И МАЛКУ ПАРИ: Нема леб од „белото злато“
Јоже Трајков од селото Чешиново вели дека нема егзистенција од производството на ориз.
Пред производителите е уште една од тешка, ако не и најтешка година во однос на претходните. Tрајков откако знае за себе, неговото семејство се занимавало со производство на ориз. Од 12 хектари површина добива над 100 тони, односно 60 тони чист ориз. Трајков вели дека засега не знаат по која цена ќе се откупува оризот и арпата, но за да трудот им се исплати, оризот не треба да биде под 70 или 80 денари, а арпата да не падне под 40 денари.
„Ние не се плашиме од работа, но се плашиме од високи трошоци за нафта, ѓубрива, пестициди“, рече Трајков.
Тој вели дека за разлика од Македонија, сите други земји многу повеќе внимание посветуваат на оваа култура, за која смета дека е втора најважна веднаш после пченицата. Објаснува дека другите земји многу повеќе вложуваат во преработувачки капацитети, семиња, погони и слично. Повеќе по темата прочитајте на Фактор.мк
Фото: unsplash