Многумина ѝ се потсмеваат поради сопругот со хендикеп, но парот не се откажува и сака бебе
Овој брачен пар кој е во брак четири години постојано е бомбардиран со негативни коментари. Но, тие сепак се сакаат и сакаат бебе.
Хана и Шејн Буркау ја документираат својата врска преку социјалните мрежи. Тие се запознале кога Хана го контактирала Шејн откако ја видела неговата содржина, вклучително и искрени објави за неговата спинална мускулна атрофија. Шејн користи инвалидска количка од својата двегодишна возраст.
По четири години врска, тие се венчаа во 2020 година.
Еден ја нарече двојката „ненормална и одвратна“, додека друга сугерираше дека Хана мора да има „фетиш“ за мажите со хендикеп да го избере Шејн. Некои веруваат дека Хана е само со него поради неговото богатство и не веруваат дека Хана е среќна со Шејн како сопруг и сугерираат дека таа го изневерува.
Шејн откри дека поради неговата состојба мажите често мислат дека не може да има секс, но тоа не е така.
– Нашата интимност има корист од мојот хендикеп и не е дека јас сум единствениот кој ужива во тоа. Не личи на тоа што го гледате во филмовите, но јас тотално можам да го направам тоа – изјави Шејн.
Двајцата го делат каналот на Јутјуб, Squirmy and Grubs, кој го гледаат милиони, не поради комедија или готвење, туку поради неверојатните пречки што ги надминале заедно. Каналот служи како видео дневник за нивниот живот и борба – патувања, плажи, забавни паркови и секојдневие.
Шејн се пошегува во видеото дека не се квалификувал за нуркачкиот тим додека сподели клип од Хана како полека го спушта во базенот.
Некој друг рече дека врската на Хана со Шејн е како „добротворна работа“.
Шејн напиша емотивна објава како одговор на видеото и коментарите, каде што вели дека е уморен да се труди цел живот да ги натера луѓето да ја прифатат неговата попреченост и дека не може едноставно да ги игнорира навредите од вистински луѓе, со работа и семејства.
Тие се обидуваат да имаат бебе
Споделувајќи моменти од секојдневието парот отворено зборуваше и за нивните борби да добијат бебе. Од самиот почеток, Шејн беше отворен за тоа дека има низок број на сперматозоиди што се влошуваше со лековите што ги зема за СМА. Иако имаат мали шанси, парот не се откажува од проширувањето на семејството. а многумина се молат на Бога тие да успеат во намерата.
Фото:screenshot