Моќни 4 крстосувачки ракети ја погодија Одеса: Тројца загинати, дупки во зградите

Руски проектили погодија цивилни згради во украинското црноморско пристаниште Одеса и во источниот регион Доњецк во текот на ноќта, при што загинаа најмалку шест лица, соопштија рано денес украинската војска и локалните власти.

Русија лансираше четири крстосувачки ракети врз градот Одеса, соопшти јужната команда на вооружените сили на Украина. Војската претходно соопшти дека два проектили биле уништени пред да ги погодат нивните цели.

„Како резултат на воздушните борби и брановите на експлозијата, оштетени се деловен центар, образовна институција, станбен комплекс, објекти за храна и продавници во центарот на градот“, соопшти командата Југ на апликацијата за пораки Телеграм.

Тројцата загинати работеа во магацин на малопродажен синџир кога проектил погоди и го запали, додаде војската. Таму се ранети седум лица.

Серхи Братчук, портпарол на воената администрација на Одеса, објави видео и фотографии на кои се гледаат катни згради на кои недостасуваат делови од нивните ѕидови и издувани прозорци, како и пожарникари кои се борат со пламенот во, како што изгледа, магацин.

Во одделен ракетен напад, руските сили убиле тројца цивили во источниот украински регион Доњецк, објави гувернерот Павло Кириленко на Фејсбук.

Тој рече дека две лица се убиени во Краматорск и уште едно во Костијантинивка.

„Рекетите... погодија приватни куќи во градовите и предизвикаа значителна штета: во Краматорск беа уништени најмалку 5 приватни куќи, а околу дваесетина оштетени, во Костијантинивка две беа уништени и 55 оштетени“, рече тој.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека во текот на ноќта уништиле три проектили и девет беспилотни летала.

Засега нема коментар од Русија. И Русија и Украина негираат дека целеле цивили во нивните воени операции.