„Момчето ти е...БИИП“: Девојка праша како да ѝ каже на другарката дека саканиот ја изневерува“, поради одговорите кои ги доби се крена вистинска бура

Момчето на другарка ти е неверен. Го знаеш тоа, но не си сигурна како да ѝ кажеш. Следниот логичен чекор е да го напишеш тоа на Твитер бидејќи има одговори на секое ваше прашање, па дури и на: „Како итно да ѝ кажеш на другарката дека момчето ја изневерува?“
Дознавте дека момчето на вашата пријателка ја изневерува и сега треба да донесете важна одлука дали ќе и кажете или не. Ако одлучите да и кажете, мора да знаете дека тоа има одредени последици, но може да биде и проблем, дури и ако молчите. Ова е веројатно една од најголемите дилеми кога е пријателството во прашање, па поради тоа една девојка решила да побара совет на Интернет. Поточно, на Твитер, бидејќи знаеме дека таму секогаш има „одлични совети“, а често се најде и некој со исто искуство, па на сите им е „полесно“.
Една Андреа постави прашање кое гласи „Како итно да и кажеш на пријателка дека момчето ја изневерило“, па да видиме што напишале твитерџиите.
„Нема шанси .... молчи. Ти ќе бидеш крива. Од искуство“ .
„Искуството ме научи да не се мешам. Отсекогаш сум го извлекла подебелиот крај", губиш, а таа дури и ќе стои до него повеќе како да е единствениот на светот“...
Туку, што би ѝ рекле на другарка ви ако знаете дека нејзиниот партнер ја изневерува?