Мутиран коронавирус во куните: Данска ќе убие 17 милиони
Данска е најголемиот одгледувач на куни, а мутираниот вирус се појави на некои од многуте фарми на северот на земјата. Инфекцијата се прошири на 207 фарми за куни, претежно на северот на полуостровот Јутланд. Вирусот зарази и 12 лица
Сега, повеќе од 17 милиони куни ќе бидат убиени откако истражувањето покажа дека тие носат мутиран коронавирус што може да се прошири и на луѓето, потврди данскиот премиер Мете Фредериксен. Државата започна да ги убива заразени животни уште во јуни, но не успеа да го спречи ширењето на мутираниот вирус. Холандија и Шпанија го сторија истото со заразените куни.
Научниците откриле слични вирусни клетки кај луѓето и куните, и тие покажуваат намалена отпорност на антитела и потенцијално ја намалуваат ефикасноста на идните вакцини за коронавирус што во моментов се развиваат низ целиот свет.
– Имаме голема одговорност за сопственото население, но со ова откритие на мутацијата имаме уште поголема одговорност за остатокот од светот – објасни премиерот Фредериксен.