На 16 години го изгуби таткото: 5 години по неговата смрт, доби роденденска честитка
Непосредно пред прославата на нејзиниот 17-ти роденден, нејзиниот татко почина од рак на панкреасот, но тој мислеше на неговата ќерка до последниот здив.
Имено, таткото на Бејли Селерс знаеше дека подмолна болест ќе го собори, но тој сакаше да ѝ честита полнолетството на својата миленичка. Пред да умре, се погрижил неговото девојче да добие цвеќе и честитка за роденден, дури и кога го нема.
Успеа да склучи договор со цвеќарница и тие, се разбира, ја исполнија неговата последна желба. На денот на полнолетството, пристигнаа честитки и Бејли остана во шок.
„Кога ја отворив картичката, замрзнав, но чувствував и неопислива среќа. За кратко време, имав чувство дека татко ми е повторно покрај мене “, рече девојчето.
Секоја година добиваше честитка, а последната што ја доби за нејзиниот 21 роденден беше нешто поразлична и потажна од претходните:
„Бејли, ова е моето последно писмо до тебе додека не се сретнеме повторно. Не сакам повеќе солзи за мене, девојче мое. Јас сум на подобро место и ти секогаш ќе бидеш мојот најскапоцен камен што некогаш сум го добил. Твој е 21-виот роденден и сакам секогаш да ја почитуваш твојата мајка и да останете верни на една со друга.
Бидете среќни и живејте го животот во потполност. Јас секогаш ќе бидам со тебе низ сите твои животни пресвртници, само погледни наоколу и ќе бидам таму. Те сакам и среќен роденден “, напиша таткото во роденденската честитка на својата ќерка.
Таа на својата рака истетовира една од последните реченици на нејзиниот татко: „Ќе те гледам од небото“.