На 19-годишно момче му беше ампутирано телото од половината надолу по тешка несреќа

По тешка несреќа со виљушкар, 19-годишникот едвај преживеал, но останал без целата долна половина од телото.

Лорен Шауерс од Монтана, САД, возел виљушкар преку мостот, кога одеднаш се превртел поради остар свиок, младиот човек се урнал 15 метри надолу, а ви виљушкарот го приковал за земја. Според „Дејли меил“, тој бил свесен цело време, и можел да почувствува дека му се отсекла раката, а сè од колковите надолу е смачкано под виљушкарот.

"Цело време бев свесен. Буквално гледав како вилушкарот паѓа врз мене и го крши моето тело", рече Лорен.

Лекарите, со негова дозвола, му извршија операција наречена хемикорпоректомија, со што се отстранува долната половина на неговото тело, од половината надолу.

"Не беше тежок избор. Избирав дали да преживеам или да умрам. Мојата девојка беше со мене цело време, како и моето семејство", рече тој.


Несреќата се случи во септември 2019 година во Грејт Фолс, Монтана. Во тоа време се вршеа поправки на мостот, а Лорен, за да избегне автомобилот да оди кон него, мораше нагло да сврти. Дошол премногу близу до работ, а дел од мостот само се срушил под него, пренесува Daily Mail.

Тој се обидел да скокне од возилото, но ногата му се заглавила во ременот.

"Кога камионот почна да паѓа, го откопчав безбедносниот ремен и се обидов да скокнам. Знам дека не беше најпаметната идеја, но тоа беше инстинктивна реакција. Ременот на крајот ми се заплетка околу ногата, па само се лулав и го скршив реброто. Се обидов да останам на врвот на виљушкарот додека се превртуваше, но ме сруши кога падна на земја. Цело време бев свесен и видов како виљушкарот паѓа врз десната подлактица и долниот дел од телото. Се сеќавам како гледав во мојата рака, и дека парче мускул само лежеше на подот до мене“, рече Лорен.

Подоцна дознале дека Лорен успеал да преживее бидејќи земјата била мека бидејќи работниците копале низ неа. Да не се случеше тоа, Лорен едноставно ќе беше пресечен на половина.

извор:index.hr