На Леонардо Ди Каприо му остана уште и Македонија да ја искара: БиХ си го „добија“

„Додека чекаме сојузниот премиер и неговата влада во Босна и Херцеговина да преземат законски чекори за заштита на реките, синото срце на оваа земја, од понатамошно уништување со изградба на мали хидроцентрали, ветувачки вести доаѓаат од Албанија. Вјоса, една од последните големи диви реки во Европа, може да се спаси“, напиша познатиот холивудски актер Леонардо Ди Каприо кој е голем поборник за здрава животна средина.

Лео со ова уште еднаш ги прозва сојузниот премиер Фадил Новалиќ и Владата на БиХ кои сè уште не сториле ништо конкретно за да ги заштитат реките во БиХ од изградба на мали хидроцентрали. 

View this post on Instagram

A post shared by Leonardo DiCaprio (@leonardodicaprio)


Тој потсетува дека албанскиот премиер Еди Рама на 25 септември годинава информираше дека е одбиен проектот за изградба на браната Каливац и дека областа ќе стане национален парк.  

„Очекувам добра вест за конкретни активности за трајна и целосна заштита на реките во Босна и Херцеговина, Албанија и остатокот од балканскиот регион“, заклучи актерот.